Новости Вести Elitte Sofa

8 предлози за тренди софи/гарнитури за 2019 година

0 Comments
215
03 Dec 2018

Добро дизајнираните софи и гарнитури треба да ви обезбедат удобност, задоволство и убав дизајн, со што ќе ја надополнат секоја просторија. Но, како да ја изберете идеалната гарнитура за вашиот дом, и како да не ризикувате со ваквата инвестиција?

Неодамна на Неделата за дизајн во Мајами, дизајнерите на ентериери ги претставија новите трендови кога се во прашање гарнитурите и софите, нивниот дизајан и материјалите на кои би требало да се задржите при изборот на мебелот. За да ве инспирираме и да ви помогнеме да ја најдете идеалната модерна софа или гарнитура за вашиот дом, имаме неколку препораки за вас, во однос на тоа на што треба да внимавате кога купувате мебел, но и предлог за дизајн кој најдобро би се вклопил во Вашиот дом.

Не заборавајте дека она што е најбитно при купувањето мебел во домот, освен неговата естетска важност е и неговиот квалитет, односно долготрајноста или гаранцијата која ја обезбедува брендот.

ГОЛЕМИНА

Кога барате нова удобна гарнитура, како и за секој друг мебел битна е големината на просторијата, според која ќе се одлучите дали сакате минималистички дизајн и нешто пораскошно. Водете сметка мебелот да не го попречува движењето и пресметајте колку  луѓе најчесто треба да седат на гарнитурата.

Без разлика дали имате среќа да уживате во голема дневна соба, или пак сте лимитирани со просторот, битно е да изберете идеална димензија на мебелот. Доколку сами не сте во можност да претпоставите колкава гарнитура ви одговара, упатете се во продавниците за мебел со претходно подготвена скица на просторот и вработените со задоволство ќе ви помогнат и ќе ви покажат кој мебел одговара, а кој не.

ПРАКТИЧНОСТ

Кога веќе барате квалитетна гарнитура во вашиот дом, тоа подразбира дека таа треба да ја обезбедува и потребната практичност. Во однос на тоа прашање, тука пред сè се подразбира изборот на квалитетен материјал со добро поткована техничка спецификација и карактеристика на лесно одржување. Со вакви особини постојат повеќе видови на кожи и миркофибер материјали кои ја обезбедуваат потребната практичност, но и совршено „лежат“ на мебелот. 

ДОЛГОТРАЈНОСТ

Како и со сè друго што купувате за домот, така сакате и мебелот да ви остане во иста состојба како на денот што сте го купиле, без притоа да почне да го губи изгледот и функционалноста. Затоа одбирајте квалитетни материјали и секогаш информирајте се за гаранцијата на производот. 

ДИЗАЈН

Кога е дизајнот во прашање, сите имаме различен вкус и различни желби за сè во животот, па така е и при изборот на мебелот во домот. Но, во продолжение ви претставуваме 8 модели на софи/гарнитури кои со сигурност ќе ги задоволат сите ваши потреби и вкусови, а дизајнерите на ентериери ги истакнуваат како задолжителни за престојната година.

ПРЕДЛОГ МОДЕЛИ:

1.МИМОСА

Достапна како тросед, двосед, фотелја и аголна во повеќе димензии.

Моделот МИМОСА има „сигурен“ и „безбеден“ дизајн со кој никогаш не може да се погреши. Без оглед на тоа дали сте за минималистички и скандинавски дизајн, или пак барате покласичен модел, овој модел има сè што ви треба. Прави линии кои ќе го оплеменат секој простор, одлична поткренатост од подот што ја прави лесна и неоптоварувачка за просторот. Дополнителна предност во однос на функционалноста е тоа што перниците/потпирачи за грбот не се прикачени за гарнитурата, па при нивно вадење се добива голема површина која кај троседот и кај аголните гарнитури може да се искористи за спиење. Дрвените ногарки може идеално да се вклопат со бојата на останатите дрвени елементи во дневниот простор.

mimossa-blog1

mimossa-blog2

2.ИБИЦА

Достапна како тросед, двосед, фотелја и аголна во повеќе димензии.

Егзотична како и самото име, оваа гарнитура е наменета за модерни ентериери кои зрачат со елеганција, оплеменети со луксузни материјали како мермер, порцелан, инокс или пак сјајни површини од медијапан и стакло. Без оглед на тоа дали ќе одберете смирена или смела нијанса на боја, и без оглед дали ќе се одлучите за аголна варијанта или пак гарнитура на парчиња, несомнено е дека вашата дневна соба ќе биде ултра модерна и воодушевувачка. Удобноста повторно е заштитен знак на оваа гарнитура, а таа пред сè е обезбедена од подвижните наслони зад главата кои овозможуваат да ја подесите саканата висина и наклон.

Ibiza3

ibiza-(2)

IBIZA

3.ХЕЛАДА

Достапна како тросед, двосед, фотелја и аголна во повеќе димензии.

Гарнитура која освојува на прв поглед со складниот дизајн, која како и моделот ИБИЦА е наменета за секој современ ентериер каде сопствениците знаат што сакаат. Иако иноксните ногарки идеално ја продолжуваат закосената линија на наслонот, сепак ХЕЛАДА може да се изработи и со дрвени ногарки во повеќе нијанси, што ја прави идеално вклоплива и во простории оплеменети со дрвени елементи. Сличноста со моделот ИБИЦА е само во наслоните зад главата кои се подесуваат до саканиот наслон, но разликата е во раконаслоните кои кај ХЕЛАДА се значително потесни, што е особено значајно за просторно ограничени дневни соби.

hellada-blog1

hellada-blog2

4.ОРЛАНДО

Достапна како тросед со три седења (216см), тросед стандарден (197 см), двосед и фотелја.

Еден од моделите со безвременски дизајн кој никогаш нема да излезе од мода.Она што го прави ОРЛАНДО идеален модел за мали простории се и минималистичките димензии и длабочината од само 85 см. Повторно е ова модел каде освен со изборот на боја и материјал може да се игра и со материјалот на ногарките, па зависно од целокупниот ентериер на дневниот простор може да се одберат иноксни или дрвени ногарки.

Orlando-blog1

5.ФЕНИКС

Достапна како тросед, двосед, фотелја и аголна во повеќе димензии.

ФЕНИКС е уште еден ултра модерен дизајн кој е неизбежен за елегантните и современи ентериери кои зрачат со стил. Не го оптоварува просторот, а овозможува комфорна зона за седење и лежење. Високите црни ногарки и тенката основа на седишната подлога ја прават исклучително елегантна. Пернците за потпирање на грбот се исполнети со меко силиконско полнење кое дава беспрекорна удобност.

fenix-blog2

fenix-blog1

6.КОРОНА

Достапна како тросед, двосед, фотелја и аголна во повеќе димензии.

Ниска а порстрана и убаво дизајнирана гарнитура, повторно со модерни линии и загарантирана удобност. Моделот нема посебни ограничувања кога се во прашање изборот на бои и материјали, бидејќи подеднакво добро изгледа и во светли и во потемни тонови, а совршено му стојат неутрални тонови на светла или темна сива, крем, капучино или кафеави нијанси. Повторно со изборот на ногарки може да се создаде идеална композитна целина со целиот простор.

corona-blog1

7.АШВИЛ

Достапна како тросед, двосед, фотелја и аголна во повеќе димензии.

Модел со кој нема да погрешите без разлика на која возраст сте и без оглед на тоа каков е вашиот животен стил. Ако можеме да одбереме модел кој е добар избор за секој што знае да го цени врвниот дизајн, квалитет и удобност, тогаш дефинитивно сетоа тоа го нуди оваа гарнитура. Можноста аголната верзија да се прилагоди на секој простор, ја прави оваа гарнитура идеална и за помали но и за многу големи простории. Повторно со можноста за персонализација во однос на изборот на материјал, боја и ногарки, можете да си го креирате овој модел според вашите желби и потреби.

ashville-blog-(1)

ashville-blog-(2)

ashville-blog-(3)

8. ЧЕСТЕР

Достапен како тросед, двосед и фотелја.

Одекогаш бил и ќе биде на листата на најтренди парчиња мебел - моделот ЧЕСТЕР има вековна традиција и е симбол на луксузот и раскошот. Класика која секогаш е во мода. Без оглед дали ќе се одлучите за целиот сет, или пак не, доволно е да поседувате и само едно парче за да дадете ексцентричен раскош во вашиот простор.

chester

Се надеваме дека ви помогнавме при изборот на софа/гарнитура за Вашиот дом. Доколку ниту еден од овие модели не се вклопува со вашата замисла, не заборавајте дека уште многу други модели имаме во нашата понуда, па повелете, посетете го нашиот салон!

0.0
Last Modified: Monday 03 December 2018 16:45
Related Articles: ​Започнаа есенските попусти во Елит СОФА ​Елит СОФА е победник на изборот за најдобро аранжиран излог со мебел со италијански дизајн САЕМ за мебел 2018 во салонот на Елит СОФА ​Ролер - софа која за неколку секунди се претвора во спална Трендови за 2018: Керамички маси отпорни на гребење, топлина и дамки Трендови за 2018: Модерни и елегантни клуб масички од проѕирно стакло Внесете доза луксуз во домот со гарнитура во HOLLYWOOD плиш ТРЕНДОВИ за 2018 : Мебел во темно сина боја ​SmellRes микрофибер отпорен на мириси и дамки наменет за новата генерација мебел „Елит СОФА" повторно учесник на најголемиот интернационален саем за мебел во Германија
мебел трендови 2019 софи гарнитури

No Comments Yet...

Leave a reply

Your email address will not be published.