Компанијата „Елит СОФА“ и оваа година, трета по ред, рамо до рамо со најдобрите светски производители на мебел, ќе ги претстави своите ексклузивни софи и гарнитури пред посетителите на најголемиот интернационален саем кој се одржува во Келн, Германија.
На саемот кој трае од 16 до 22 јануари 2017-та, претставници на компании за мебел од целиот свет ќе имаат можност одблиску да се запознаат со моделите, материјалите и квалитетот на производи кои ги нуди „Елит СОФА“.
„Овој саем е одлична можност за претставување на квалитетна линија производи со италијански дизајн пред посетителите, потенцијални деловни партнери од целиот свет. Изминативе години интензивно пласираме производи во повеќе земји од светот, а овој саем е вистинска можност за продлабочување на соработката и почнување нова со многу компании за мебел.. Најголем дел од посетителите знаат да препознаат добар производ, токму затоа по трет пат сме дел од ова големо случување во индустријата за мебел“, велат од менаџментот на „Елит СОФА“.
Годинава компанијата ќе претстави неколку нови модели од својата производсвтена програма, кои за потрошувачите во Македонија ќе бидат претставени и на Саемот за мебел во Скопје, кој годинава ќе се одржи кон крајот на месец март.