Новости Вести Elitte Sofa

​Најчести прашања за мебелот во микрофибер

0 Comments
3323

Микрофиберот е еден од најактуелните материјали за изработка на тапациран мебел. Микрофиберот е мек, удобен, издржлив, отпорен на дамки и добро ја задржува првобитната боја. Овие квалитети го прават мебелот од микрофибер одличен избор.

Што е микрофибер?

Микрофиберот е вештачки направен материјал, создаден за тапацирање на мебел поради неговата издржаливост и естетиката. Микровлакната се половина од дијаметарот на влакното на свилата, 1/3 од дијаметарот на памукот, 1/4 од дијаметарот на волната и 100 пати потенки од човековата коса. Има многу различни типови на микрофибер, со најразлична текстура, изглед и карактеристики. Може да изгледа како плиш, како кожа, со апликации или не, да има антиалергиски и антибактериски својства, изборот е огромен.

miizbor

Од што е направен микрофиберот?

Полиестер е најчестиот материјал кој се користи за изработка на микрофиберот, но исто така некогаш се користи и најлон, или природни материјали како памук или лен. Она што го прави микрофиберот одличен материјал за софи, фотелји и лежаи, се малите влакненца кои помагаат тапацираниот мебел лесно да се чисти, не дозволувајќи прашината или други алергени да се задржат на материјалот.

Дали мебелот во микрофибер е отпорен на дамки?

Воглавно да! Микрофиберот не ги впива веднаш течностите кои ќе се истурат на софата, бидејќи влакненцата на овој материјал ги задржуваат течностите не дозволувајќи им веднаш да се впијат. Со тоа ви даваат можност да реагирате, да земете салфета и да ја избришете течноста пред да се впие. На тој начин ќе спречите појава на дамка. Но доколку течноста не се отстрани веднаш, зависно од типот на материјалот можно е течноста да се впие и да настане дамка.

Секако дека ова не е случај со одделни типови на микрофибер чија главна карактеристика е токму отпорност на дамки и течности, како што е микрофиберот MUNICH - тие се направени со специјални микровлакна кои ја одбиваат истурената течност, собирајќи ја во поголеми капки.

A_water_droplet_DWR-coated_surface2_edit1

Како се чисти мебелот од микрофибер?

Бидејќи мебелот во микрофибер е издржлив на дамки и течности, одржувајте го секгоаш во сува состојба. За секојдневно чистење потребно е да се ослободите од прашината, а тоа лесно ќе го направите со правосмукалка и/или со нежна четка. Избегнувајте да го чистите целиот мебел со вода, бидејќи со премногу вода може да ја намокрите софа и да и треба долго време да се исуши. Доколку настане дамка, обидете се да ја извадите најпрвин само со влажна крпа, а по потреба можете да користите и неутрално, благо средство за чистење или сапун. Исто така оцет и дестилирана вода можат да ги отстранат дамките, особено оние од домашните миленици. 

Дали конструкцијата на мебелот во микрофибер се разликува од конструкцијата на мебелот изработен во друг материјал?

Не. Конструкцијата на мебелот секогаш е иста, без разлика на тоа во каков материјал се тапацира.

0.0
Last Modified: Monday 14 December 2015 16:08
Related Articles: ​Започнаа есенските попусти во Елит СОФА ​Елит СОФА е победник на изборот за најдобро аранжиран излог со мебел со италијански дизајн САЕМ за мебел 2018 во салонот на Елит СОФА Округли теписи во природни материјали – тренд што мора да го имате дома! Сите софи на попуст од -20% во повеќето штофови и микрофибер ​Роденденски попусти во Елит СОФА до -40% ​Ролер - софа која за неколку секунди се претвора во спална Трендови за 2018: Керамички маси отпорни на гребење, топлина и дамки Трендови за 2018: Модерни и елегантни клуб масички од проѕирно стакло Внесете доза луксуз во домот со гарнитура во HOLLYWOOD плиш