Новости Вести Elitte Sofa

​Ролер - софа која за неколку секунди се претвора во спална

0 Comments
4464
04 Dec 2017

При уредувањето на малите домови сакаме максимално да го искористиме просторот, па многу често се јавува потребата едно парче мебел да биде мултифункционално и да се користи за повеќе намени.

Тоа особено е потребно и во тинејџерските соби каде е потребна софа која преку ден би го собрала друштвото на младите, а која во текот на ноќта би служела како спална.

Доколку и вие имате потреба од таква мултифункционална софа, која за само неколку секунди се претвора во вистинска спална (со душек), ви го претставуваме моделот РОЛЕР.

Со своите скромни димензии кои не надминуваат 200 см во должина, ова е софа која може да се смести во било кој дом. Нејзиниот дизајн е ненаметлив, а нејзината удобност се согледува уште пред да седнете да ја пробате. Механизмите зад главата овозможуваат да го подесите наслонот до саканиот агол, за да си обезбедите пријатна положба при седењето.

РОЛЕР е софа со исклучително тесни раконаслони, со што најголемата површина од софата е наменета за седење, при што удобно може да смести три лица. roler-demonst

И освен што во нејзината дневна варијанта се користи како прилично удобен тросед, во текот на ноќта, РОЛЕР добива сосема нов изглед, и нова функција.

Со само неколку потези, без ни малку напор, механизмите зад главата се повлекуваат нанапред и се отвора душекот. Сместен на метална конструкција, доволно издржлив за секојдневно да го користат двајца, механизмот доаѓа заедно со душек со димензија 142*196 см и дебелина од 14 см. Душекот е составен од полиуретан со средна тврдина, со прекривка од квалитетен памучен материјал со антистатични и антиалергиски својства.

Механизмите кои се користат во Елит СОФА се од врвни производители директно од Италија, задржувајќи го врвниот квалитет.

Најдоброто од се, е тоа што софата се изработува во разни материјали и во многу бои. Па така, одбирајќи боја која најмногу ви одговара софата РОЛЕР можете да ја направите да изгледа класична (кафева или сива), тренди и кул (во некоја свежа нијанса), романтична ( одбирајќи пудрести и пастелни нијанси), младешка (во сина, розе, виолетова нијанса), елегантна (црна или бела), разиграна (во комбинација од две бои), гламурозна (црвена или бордо).

Прилагодете го изборот на боја и материјал според вашиот вкус и стил, а за дополнителен шмек, одберете и неколку перничиња во контра нијанса.

0.0
Last Modified: Monday 04 December 2017 11:02
Related Articles: Луксузен мебел во DA VINCI матирана кожа, со Easy-clean карактеристики Мебел во букле материјал - хит број 1 во ентериерното уредување! Саем за мебел во салонот на Елит СОФА 8 предлози за тренди софи/гарнитури за вашата дневна соба Округли теписи во природни материјали – тренд што мора да го имате дома! ​САЕМСКА АКЦИЈА: Сите гарнитури во штоф на -25% попуст! ​Попуст на сите модели во виолетов микрофибер! ​Салонски САЕМ ЗА МЕБЕЛ 2019 во Elitte SOFA ​Започнаа есенските попусти во Елит СОФА ​Елит СОФА е победник на изборот за најдобро аранжиран излог со мебел со италијански дизајн
кревет лежај софа

No Comments Yet...

Leave a reply

Your email address will not be published.