Новости Вести Elitte Sofa

Мебел во нов микрофибер SAHARA од кој секоја дамка се отстранува со вода

0 Comments
3925
17 Aug 2016

Следејки ги потребите на нашите потрошувачи, Елит СОФА во својата понуда на материјали за изработка на мебелот постојано внесува нови и квалитетни производи, а сега сакаме да ви го претставиме новиот микрофибер "SAHARA - Easy to clean, Only with Water“.

Станува збор за квалитетен, италијански микрофибер SAHARA чијашто главна карактеристика е тоа што овој материјал е одличен за одржување бидејќи секоја дамка се чисти само во вода.

14064004_10154463603344443_7322853410819435640_n

Поради современиот животен стил и забрзаното секојдневие, особено ако во вашето семејство има деца, се јавува потреба токму од вакви материјали кои не бараат многу одржување за секогаш да изгледаат како нови. Сите модели на софи, гарнитури, фотељи и лежаи кои ги изработува Елит СОФА може да се направат во материјалот SAHARA , кој е достапен во 18 нијанси.

boi

Без разлика дали ќе се одлучите за некоја од светлите, или потемните нијанси, со микрофиберот SAHARA вашата гарнитура секогаш ќе изгледа како на денот кога сте ја купиле. Откако ќе забележите дамка на вашата гарнитура, истата ќе ја отстраните во само 3 чекори, а ќе ви биде потребно крпа и вода.

* 1 чекор- со сува и чиста крпа отстранете го вишокот течност (доколку станува збор за истурена храна, пијалак или слично)

*2 чекор - истурете неколку капки вода директно врз дамката

*3 чекор - со сува крпа нежно притиснете врз дамката и протријте неколку пати со кружни движења.

13958021_10154463645079443_1970083217392697551_o

На овој начин брзо и лесно ќе ги отстраните најчестите дамки, како кафе, мастило, чоколадо, вино и т.н.

Материјалот е нежен и пријатен допир, со испакната и вдлабната текстура, а сепак цврст и издржлив за секојдневно користење без оштетување.

SAHARA  ги исполнува и задоволува сите критериуми на најквалитетните италијански материјали за тапацирање на мебел.

Во неговиот состав спаѓа - 24% полиамид, 23% акрил, 17% памук и 36% полиестер. Има антибактерсиски својства, отпорен е на мувла и на хидролиза. 

Сите технички спецификации и направени тестови, можете да ги погледнете овде:

specifikacija1

Покрај микрофиберот SAHARA, препорачуваме да го погледнете и микрофиберот MUNICH - отпорен на течности и дамки! Повеќе за него прочитајте на ОВОЈ ЛИНК.

0.0
Last Modified: Wednesday 17 August 2016 15:59
Related Articles: 8 предлози за тренди софи/гарнитури за 2019 година ​Започнаа есенските попусти во Елит СОФА ​Елит СОФА е победник на изборот за најдобро аранжиран излог со мебел со италијански дизајн САЕМ за мебел 2018 во салонот на Елит СОФА Округли теписи во природни материјали – тренд што мора да го имате дома! Сите софи на попуст од -20% во повеќето штофови и микрофибер ​Роденденски попусти во Елит СОФА до -40% ​Ролер - софа која за неколку секунди се претвора во спална Трендови за 2018: Модерни и елегантни клуб масички од проѕирно стакло Внесете доза луксуз во домот со гарнитура во HOLLYWOOD плиш
elitte sofa микрофибер SAHARA mikrofiber sofa

No Comments Yet...

Leave a reply

Your email address will not be published.