Новости Вести Elitte Sofa

​Елит СОФА е победник на изборот за најдобро аранжиран излог со мебел со италијански дизајн

0 Comments
1521
26 Mar 2018

Елит СОФА е победник во натпреварот за најубаво уреден излог со мебел со италијански дизајн. Натпреварот по повод Светскиот ден на италијанскиот дизајн го организираше Italian Trade Agency, во соработка со Италијанската амбасада и Италијанскиот институтот за дизајн.

По тој повод, заменик амбасадорот на Италија, Алесио Ликуори, и претставник од Italian Trade Agency го посетија салонот на Елит СОФА и на компанијата и доделија специјално признание.

Во натпреварот учествуваа неколку салони за мебел кои ги аранжираа своите излози со мебел со италијански дизајн. На излогот на Елит СОФА беше изложена гарнитурата ИБИЦА изработена во микрофибер во бела боја со текстура на кожа, клуб масичката YUKI, фотелјата Катја изработена во плиш во тиркизна боја и фиокар COLLIN со интересен дизајн, изработен во дрво од манго и со фиоки во неколку нијанси. 

Дополнителен акцент на излогот даваат и многуте перничиња во разиграни бои и останатите детали: ламба Стилио, полици и декорации.

Елит СОФА е компанија со седиште во Визбегово, Скопје, која произведува ексклузивен тапациран мебел со италијански дизајн и по италијанска експертиза.Во салонот лоциран на Качанички Пат бб се изложени голем број модели на гарнитури за седење, лежаи, трпезариски маси и столици и останати парчиња мебел.

5.0
Last Modified: Monday 26 March 2018 15:07
Related Articles: ​Започнаа есенските попусти во Елит СОФА САЕМ за мебел 2018 во салонот на Елит СОФА Сите софи на попуст од -20% во повеќето штофови и микрофибер ​Роденденски попусти во Елит СОФА до -40% ​Ролер - софа која за неколку секунди се претвора во спална Трендови за 2018: Керамички маси отпорни на гребење, топлина и дамки Трендови за 2018: Модерни и елегантни клуб масички од проѕирно стакло Внесете доза луксуз во домот со гарнитура во HOLLYWOOD плиш ТРЕНДОВИ за 2018 : Мебел во темно сина боја ​SmellRes микрофибер отпорен на мириси и дамки наменет за новата генерација мебел
мебел Елит СОФА софа излог гарнитура Салон Салони за мебел

No Comments Yet...

Leave a reply

Your email address will not be published.