Елит СОФА започна со голема пролетна акција со најдобра понуда до сега. Сите производи (гарнитури, фотелји, лежаи, столици, табуретки) можете да ги добиете на попуст од -20%. Во понудата се опфатени 10 типови на италијански штоф и микрофибер, сите со уникатни карактеристики.
Микрофибер MVD - исклучително мек микрофибер со високи микровлакна кои се отпорни на дамките и се чисти само со влажна крпа. Антибактериски, антистатичен и антиалергиски материјал достапен во светло сива, антрацит, крем и темно кафеава нијанса.
Микрофибер SOLE - мазен микрофибер со принтана текстура, докажано отпорен дека само со вода лесно се отстрануваат сите дамки од него. Антибактериски и антиалергиски материјал достапен во неколку нијанси на крем и кафена.
Штоф DAFNE - пријатен и мек штоф со ситна текстура кој е совршен избор за оние кои не сакаат кожа и микрофибер. Делува топло, пријатно и удобно. Антибактериски, антистатичен и антиалергиски.
Микрофибер FOX - мек микрофибер со карактеристика која многумина ја бараат - водоотпорен и отпорен на дамки. Не впива никакви течности, а дамките од него се чистат само со влажна крпа. Антибактериски, антистатичен и антиалергиски. Одлично прилега на сите дизајни и модели. Достапен е во многу бои и нијанси.
Микрофибер COWBOY - микрофибер со изглед на винтиџ кожа. Нееднаквата распротранетост на бојата прави мебелот во Cowboy да изгледа луксузно и богато, а само добрите познавачи на материјали ќе знаат дека не станува збор за кожа туку за микрофибер. Мазен по текстура и пријатен на допир, а во суштина многу цврст материјал отпорен на гребење - идеален избор за семејства со миленици поради. Антиалергиски, антистатичен и антибактериски.
Микрофибер MOZZART - уште еден микрофибер со изглед и текстура на кожа. За разлика од COWBOY кој е мазен, овој микрофибер ја задржува рапавата крупна текстура на кожата.Прилично цврст материјал кој супер прилега на сите модели на гарнитури. Антиалергиски, антистатичен и антибактериски.
Штоф KITANA - прекрасен штоф со мека текстура и плетка во вид на рибина коска. Наменет за оние кои сакаат мазни и пријатни материјали. Се одржува со влажна памучна крпа и благи, неабразивни средства. Антибактериски и антиалергиски, со поминат тест на горење од цигари.
Штоф BLADE - италијански штоф со истите карактеристки како и KITANA, само со различен изглед и поиспакната текстура. Достапен во повеќе бои и нијанзи.
Микрофибер SAHARA - материјал со карактеристика EASY CLEAN од кој сите дамки се чистат само со влажна крпа. Има прилично испакната текстура на крупна кожа и е достапен во повеќе бои.
Штоф CAMELOT - промотивно овој штоф се најде на оваа листа. Има најкрупна текстура и одлична карактеристика - не впива течности што го прави одличен за одржување. Има прилично цврста површина и е идеален за гарнитури со прави линии. Достапен е само во беж нијанса.