Во Елит СОФА од сега можете да нарачате тапациран мебел изработен во висококвалитетен и издржлив микрофибер, од највисока класа. Smellres материјалот се истакнува со следните карактеристики:
ДЛАБИНСКО ОДБИВАЊЕ НА ДАМКИТЕ
SmellRes се карактеризира со длабинско одбивање на дамките, без оглед на тоа дали станува збор за вода, сокови или чоколадо.
Микрофиберот SmellRes нежно ќе ја одбие секоја нечистотија. Сите влакненца се посебно обработени на начин кој ефикасно ги одбива сите видови дамки, при што вашата гарнитура секогаш ќе биде чиста.
ТКАЕНИНА КОЈА САМА СЕ ШТИТИ ОД МИРИСИ
Мирисите се лепливи, но не и кога е во прашање мебелот изработен во SmellRes микрофиберот.
Мирисите не опкружуваат и во голема мера одредуваат дали на некое место се чувствуваме добро или не. Непријатните кујнски мириси, димот од цигарите или миризбата од домашните миленици, се миризби кои не би сакале да ги имате на вашата софа каде секојдневно уживате, нели? Благодарение на единствената структура на SmellRes материјалот, дури и најштеките мириси исчезнуваат од вашата софа.
Со тоа овој материјал обезбедува:
- Совршена заштита од миризби од животни, мириси од храна и чад од цигари
- Ги одбива и најтврдокорните мириси и дамки
- Обезбедува здрава средина без хемикалии и мирисни материи.
SmellRes е нов материјал кој гарантира високо ниво на одбивање на дамките и миризбите, обезбедувајки изразита долговечност.
ТРАЈНА ЗАШТИТА
Со вашата гарнитура изработена во SmellRes ќе заборавите на триење, перење или стругање на дамките. Ново развиената и длабински вградена заштита против дамки, трајно ќе ја заштити вашата гарнитура од нечистотиите. А освен што ги одбива дамките и мирисите, SmellRes материјалот овозможува и пријатно и удобно чувство.
БЕЗ ШТЕТНИ МАТЕРИИ
При производството на Smellres ткаенините се користат само материјали без штетни супстанци. На тој начин и Вие користејќи мебел произведен во SmellRes активно придонесувате за поздрав и попријатен амбиент во Вашиот дом.
Сите модели на гарнитури кои ги произведува Елит СОФА може да се изработат во Smellres материјалот чија палета се состои од 20 нијанси.

