Популарноста на мебел во плишан материјал се враќа на голема врата во уредувањето на модерните ентериери. Плишот е материјал кој зрачи со топлина, а парче мебел во ваков материјал ќе внесе вистински луксуз, богатство и гламур во секој ентериер.
Плишаните материјали се прелеваат при допир, и нивната боја се менува во зависност од аголот под кој ги гледате, и зависно од моменталната светлина. Но токму тоа дава прекрасен сјаен ефект и зрачи со посебна убавина.
Од плишаните материјали во Елитте СОФА можете да го најдете HOLLYWOOD микрофиберот, чија главна карактеристика е тоа што неговите микровлакна ги одбиваат дамките и го прават чистењето и одржувањето на вашиот мебел многу лесно и едноставно. Софа, гарнитура или фотелја во плишан материјал прават дневната соба да изгледа луксузно, благодарение на диксретниот сјаен ефект кој може во голема мера да ја осветли просторијата.
Освен што е привлечен на изглед, она што всушност ве тера да се вљубите во HOLLYWOOD е првиот допир со овој одличен микрофибер. Неговата мека текстура е толку пријатна што посакувате да ја чувствуваате таа нежност секојдневно. Со оглед на тоа што сите производи од асортиманот на Елит СОФА може да се изработат во овој материјал, можете да си одберете гарнитура, фотелја, лежај или трпезариски столици во една од многуте нијанси на плишот HOLLYWOOD.