Производи Палета на производи на Елитте Софа

Viewing Project / Emilia

Исклучително впечатлив дизајн кој го обожаваат брачните парови, но многу често е и избор на најмладите генерации како единечен лежај. Квалитетните материјали кои се користат и 10 годишната гаранција се показател дека овој лежај ќе можете да го користите со години и години. Можноста за избор на многу бои и материјали, остава место за креативноста на купувачот сам да одреди каков впечаток да остави избирајќи ја Емилија. Пастелните тонови покажуваат нежност и романтика, темните тонови раскош и моќ, а смелите и интензивни нијанси покажуваат уметничка разиграност и младоликост.
Врати се назад

Лежајот доаѓа со еластичен латофлекс кој овозможува удобност при користењето и одговара на сите типови на душеци. Исто така латофлексот овозможува циркулација на воздухот низ душекот и го заштитува од влага и скапување. Латофлекост доаѓа со механизам на кревање кој овозможува да ја искористите кутијата од лежајот за складирање предмети.

Лежајот Емилија може да се изработи во димензии по ваша желба, односно зависно од димензијата на душекот кој ќе го користите.

Стандардни димензии на душеци: 120 х 200, 140 х 200 , 160 х 200 , 180 х 200 , 200 х 200

Димензија на лежајот Емилија за душек со димензија 160 х 200 изнесува 175 х 240

Facebook

Контакт информации

Елитте Софа ДОО „Качанички Пат", бб, 1000 Скопје, Македонија

Работно време: пон-пет 9.00 - 19.00

                           сабота 9.00 - 15.00


Салон: +389(02) 26 00 667
info@elittesofa.mk

Големопродажба:  +389 (0)73 215 011

sale@elittesofa.mk


е-каталог

ECATALOG