Производи Палета на производи на Елитте Софа

Viewing Project / Emilia Grande

Лежајот Емилија Гранде е наменет за ексцентричните вкусови кои сакаат да уживаат во луксузот, подалеку од очите на другите. Одбирајќи ја Емилија Гранде како место за секојдневна релаксација, инвестирате долгорочно во Вашето здравје, но и придонесувате Вашиот дом да биде мистерично катче каде љубопитните. Квалитетните материјали кои се користат и 10 годишната гаранција се показател дека овој лежај ќе можете да го користите со години и години.
Врати се назад

Грандиозен, богат, кралски - тоа се идеалните зборови да се опише Емилија Гранде.

Лежајот доаѓа со еластичен латофлекс кој овозможува удобност при користењето и одговара на сите типови на душеци. Исто така латофлексот овозможува циркулација на воздухот низ душекот и го заштитува од влага и скапување. Латофлекост доаѓа со механизам на кревање кој овозможува да ја искористите кутијата од лежајот за складирање предмети.

Лежајот Емилија Гранде може да се изработи во димензии по ваша желба, односно зависно од димензијата на душекот кој ќе го користите, а висината исто така можете да ја одберете.

Стандардни димензии на душеци: 120 х 200, 140 х 200 , 160 х 200 , 180 х 200 , 200 х 200

Димензија на лежајот Емилија Гранде за душек со димензија 160 х 200 изнесува 175 х 225.

За комплетно луксузен впечаток предлагаме златни рамки со ексклузивни текстурни тапети странично од лежајот, и квалитетни ноќни масички.

Facebook

Контакт информации

Елитте Софа ДОО „Качанички Пат", бб, 1000 Скопје, Македонија

Работно време: пон-пет 9.00 - 19.00

                           сабота 9.00 - 15.00


Салон: +389(02) 26 00 667
info@elittesofa.mk

Големопродажба:  +389 (0)73 215 011

sale@elittesofa.mk


е-каталог

ECATALOG