Мебелот во кралска сина/тегет/индиго/темно сина боја ќе биде вистински хит во 2018-та година. За оние кои ги следат трендовите, уредувањето на домот со вакви нијанси ќе биде вистински предизвик.
Постојат голем број нијанси на темно сина боја, како што се кралска сина, индиго сина, оксфорд-сина и т.н., па одберете ја онаа која вам најмногу ви се допаѓа.
Темните нијанси на сина се ценети поради нивната неутралност и асоцијацијата на класиката и удобноста. Нијансите на темно сина боја се вклопуваат со речиси сите палети на бои, и одговараат на секој стил на уредување. Темните тонови на оваа боја го привлекуваат вниманието и ги истакнуваат просторот. Со оглед на тоа што станува збор за темна боја, потребно е нејзиното присуство да се балансира со други бои, кои ќе создадат констраст. Без оглед на тоа дали ќе одберете гарнитура во темно сина боја, или пак ќе се одлучите само фотелјата, столиците и декоративните перници да бидат во темно сина боја, несомнено ќе внесете доза раскош во вашиот простор.
Ваквите нијанси совршено се комбинираат со бела и светло сива и светло сина нијанса, но и со светло зелена или жолта нијанса - комбинации наменети за оние похрабрите.
Во Елит СОФА повеќето материјали за тапацирање во својата палета на бои содржат вакви нијанси на темно сина боја, па така, било кој модел од нашите гарнитури, лежаи и столици можете да го имате во оваа трендов
Повелете на презентација на нашите модели и материјали во нашиот салон, а во продолжение погледнете неколку идеи како да внесете темно сина боја во вашиот ентериер:













