Совршен спој на комфор и функционалност за вашите надворешни простори. Овој оутдоор елемент за седење е дизајниран да понуди максимална удобност и флексибилност, без компромис со стилот. Изработен е со висококвалитетен водоотпорен тапацир, отпорен на надворешни влијанија и лесен за одржување.
Доаѓа со две големи, целосно мобилни перници кои може да се прилагодуваат според саканата позиција – за седење, опуштање или лежерно релаксирање. Практичната странична масичка овозможува место за пијалок, книга или телефон, правејќи го овој мебел идеален за тераси, дворови, балкони или покрај базен.
Модерен дизајн, паметни детали и врвен комфор – сè што ви е потребно за вистинско уживање на отворено.
Димензии 220 х 135 цм
