За љубителите на луксузната декорација го создадовме креветот Емилија, кој плени со својот луксузен аристократски дизајн, овојпат изработен и во луксузен светкав плиш во темно виолетова нијанса. Доминантен, впечатлив и пријатен за користење, овој кревет ќе ја внесе дозата на луксуз што недостасува во вашата спална соба.
Креветот е од цврста и масивна конструкција за што ќе добиете гаранција од 10 години. Латофлексот кој доаѓа со креветот е направен од метална рамка поделена на средина и со еластични летви на кои вашиот душек ќе дише слободно. Под латофлексот можете да го користите целиот простор за складирање на предмети, простор кој димензионално одговара на димензиите на плакарот.
Со креветот Емилија ќе добиете луксузно, но и практично решение за вашата спална соба.