
Elitte Club Loyalty
ELITE CLUB Програма за лојалност!
Вашата лојалност заслужува посебни привилегии!
Во ELITE SOFA веруваме дека довербата и лојалноста заслужуваат да бидат наградени. Затоа го создадовме ELITE SOFA Loyalty Club – програма за лојалност преку која нашите верни купувачи добиваат пристап до специјални понуди, ексклузивни попусти и дополнителни поволности.
Со членството во нашиот клуб станувате дел од семејството на ELITE SOFA и уживате во привилегии создадени специјално за вас.
Кои се придобивките од членството?
- Ексклузивни попусти – специјални цени и поволности на избрани производи, наменети само за членовите на клубот.
- Специјални промоции – можност да искористите дополнителни акции и понуди.
- Први до новите понуди – со ваша согласност, навремено ќе бидете информирани за актуелните промоции и новитети.
Како да станете член?
Членството во ELITE SOFA Loyalty Club е целосно бесплатно!
За да станете член на клубот, потребно е да го посетите нашиот продажен салон и да пополните Пристапница за членство во ELITE SOFA Loyalty Club.
По пополнувањето и потпишувањето на пристапницата, вашето членство ќе биде евидентирано во нашата база на членови.
Не ви е потребна членска картичка! Вашето членство се идентификува преку телефонскиот број што сте го навеле при зачленувањето.
При секое следно купување, доволно е да го кажете вашиот телефонски број за да ги искористите актуелните поволности наменети за членовите на клубот.