Изработен е од најквалитетни материјали и цврста конструкција која го поддржува правилниот развој и здравјето на детето. Благодарение на мекиот тапацир, креветот обезбедува дополнителна заштита и ги штити децата од можни удари за време на спиењето или играта.
Креветот доаѓа со вклучен латофлекс на кревање и со својот паметен дизајн, просторот под душекот е максимално искористен за складирање на постелнина, играчки или облека, нудејќи практичност покрај луксузниот изглед.
Овој кревет не е само мебел – тоа е магичен свет во кој секое дете ќе се чувствува како вистинска принцеза.
