MIMOSA

МИМОСА е модерна гарнитура со едноставен дизајн, прави линии и неверојатна удобност. Тесните раконаслони овозможуваат максимална искористеност на седечкиот дел.

27.285,00 ден54.825,00 ден

МИМОСА е модерна гарнитура со едноставен дизајн, прави линии и неверојатна удобност. Тесните раконаслони овозможуваат максимална искористеност на седечкиот дел. Перниците за потпирање се флексибилни и може да се извадат, при што се добива голем седечки простор кој по потреба може да се искористи како единечен лежај.

Димензии: Тросед 220, двосед 170. Ширина 97см, висина 90 см.

Дајте му нова димензија на Вашиот простор со гарнитурата Мимоса. Дрвените ногарки се дел од потпората на гарнитурата и претставуваат значаен дел од целокупниот впечаток на оваа гарнитура. Достапна е како тросед/двосед/фотелја и аголна варијанта.

Дизајнирана да го задоволи вкусот на оние кои сакаат чисти линии и модерни ентериери, а сепак да се задржи удобноста и функционалноста на мебелот. Големите и меки перници кои служат за потпирање на грбот не се фиксирани за позадината, па со нивното отстранување се добива единачен лежај кој некогаш може да се искористи за преспивање.


Конструкција: Чамово дрво, слоевит панел.

Потпора: Вкрстени еластични ластици.

Елементи: Перниците за седење и наслоните за рацете се исполнети со еколошка полиуретанска пена со различна цврстина и густина, обложена со полиестерска вата. Перниците за грб се исполнети со силиконски полиестерски влакна.

Тапацир: Кожа, микрофибер, мебел штоф. Наслоните за раце се фиксни, перниците за грб и перниците за седење се вадат. 

Ногарки: Дрвени, висина 16 см.

Достапни модели:  Тросед, двосед, фотелја и аголна.

Model

Фотелја

,

Двосед

,

Тросед