Прикажувам 157–168 од 198 резултати

Кревет ELISA Експонат

Original price was: 30.900,00 ден.Current price is: 27.810,00 ден.

Детски кревет ELISA е сигурен и практичен избор за вашето дете. Со цврста конструкција, мек дизајн и простор за складирање под душекот, овој кревет обезбедува удобност, безбедност и долгорочно користење. Експонатот е во светло сива боја, изработен во плишан материјал кој е лесен за одржување. Креветот доаѓа БЕЗ ДУШЕК.

Димензијата е за душек 90*200, со надворешни димензии 105*215 см и висина 95 см.

Кревет ELLY 160*200 Експонат

Original price was: 42.350,00 ден.Current price is: 38.115,00 ден.

Тапациран кревет во Easy Clean букле материјал

Модерен тапациран кревет кој ги обединува минималистичкиот дизајн, удобноста и функционалноста. Се издвојува со своето елегантно, широко заглавје со нежно заоблени рабови и едноставни линии кои му даваат современ и префинет изглед.

Изработен во Easy Clean букле материјал во неутрална песочна нијанса, кој се одликува со богата текстура, мекост и лесно одржување. Топлата песочна боја внесува чувство на хармонија и природна елеганција, овозможувајќи лесно вклопување во различни стилови на уредување.

Карактеристики:

  • Модерен, минималистички дизајн со заоблени рабови
  • Easy Clean букле материјал за лесно чистење и одржување
  • Неутрална песочна нијанса
  • Латофлекс со механизам за подигнување
  • Простран простор за складирање под душекот
  • Масивна и стабилна конструкција со максимална поддршка на латофлексот
  • Можност за избор на различни бои и материјали
  • 10 години гаранција

Креветот доаѓа БЕЗ ДУШЕК!

Кревет KARINA 180*200 Експонат

Original price was: 51.700,00 ден.Current price is: 46.530,00 ден.

Елегантен тапациран кревет кој комбинира современ дизајн, удобност и функционалност. Се издвојува со своето впечатливо високо заглавје, украсено со вертикални тапацирани сегменти кои му даваат префинет и луксузен изглед.

Изработен во нежна крем-беж нијанса, со мек и пријатен плиш материјал кој внесува топлина и елеганција во спалната соба. Неговиот безвременски дизајн овозможува лесно вклопување во модерни, класични и минималистички ентериери.

Карактеристики:

  • Високо тапацирано заглавје со декоративни вертикални линии
  • Мек и квалитетен материјал во крем-беж нијанса
  • Латофлекс со механизам за подигнување
  • Простран простор за складирање под душекот
  • Цврста и стабилна конструкција за максимална поддршка и долготрајна употреба
  • 10 години гаранција

Надворешни димензии 215* 195, висина 125 см. Креветот доаѓа без душек!

Кревет KLARISA Експонат

Original price was: 45.045,00 ден.Current price is: 40.540,50 ден.

Создаден за максимална безбедност по здравјето на вашето дете при спењето, креветот KLARISA вашето дете ќе може да го користи и кога ќе порасне! Изработен е од цврста и квалитетна конструкција, со 10 години гаранција.

Експонатот доаѓа во нијансиран плиш од висока категорија, водоотпорен и многу лесен за одржување, во розева-праска нијанса.

Креветот доаѓа со латофлекс на кревање и простор за складирање (без душек).

Потребен е душек со димензија 90*200.

Надворешната димензија е 105*217 см.

KLARISA детски кревет е оздаден за максимална безбедност по здравјето на вашето дете при спењето, креветот KLARISA вашите деца ќе може да го користат и кога ќе пораснат! Изработен е од цврста и квалитетна конструкција, со 10 години гаранција.

Единечниот детски кревет – KLARISA BED е совршен избор за долгорочно решение за детски кревет. Креветот може да се изработи во боја и материјал по желба. Просторот за складирање под креветот ви обезбедува совршено место за чување на многу книги, облека, играчки или постелнини.

Предности на KLARISA детски кревет:

  • Удобен и мек дизајн кој го заштитува вашето дете при спиењето
  • Се изработува во материјали кои го чуваат здравјето (Високо квалитетни микрофибер и штоф материјали кои се антибактериски и антиалергиски)
  • Долготрајно решение со цврста и масивна конструкција
  • Голем простор за складирање под душекот

Креветот може да се изработи во димензија за душек: 90*200, 120*200 или друга димензија.

KLARISA детски креветдоаѓа со латофлекс од метална рамка и еластични летвички. Оваа подлога истовремено претставува совршена потпора за душекот, штитејќи го од влага и овозможувајќи струење на воздухот.

Создаден за максимална безбедност по здравјето на вашето дете при спењето, креветот Klarisa вашите деца ќе може да го користат и кога ќе пораснат! Изработен е од цврста и квалитетна конструкција, со 10 години гаранција.

Кревет MARINA 180*200 Експонат

Original price was: 66.770,00 ден.Current price is: 60.093,00 ден.

Модерен и елегантен тапациран кревет кој претставува совршен спој на минималистички дизајн, удобност и функционалност. Се издвојува со своето широко заглавје со дискретно заоблени агли и внимателно обликувана рамка, кои му даваат префинет и современ изглед.

Изработен во квалитетен букле материјал во нежна бела нијанса, со богата, релјефна текстура која внесува топлина и чувство на луксуз во спалната соба.

Карактеристики:

  • Модерен, минималистички дизајн со чисти линии
  • Квалитетен букле материјал во бела /млечна нијанса
  • Латофлекс со механизам за подигнување
  • Простран простор за складирање под душекот
  • Цврста и стабилна конструкција со максимална поддршка на латофлексот
  • 10 години гаранција

Надворешни димензии 200 * 225 см, висина 105 см.

Креветот доаѓа без душек!

Кревет MARISA 90*200 Експонат

Original price was: 47.190,00 ден.Current price is: 42.471,00 ден.

МСовршена комбинација на современ дизајн, удобност и функционалност. Овој уникатен тапациран кревет е идеален избор за модерно уредена детска или тинејџерска соба, создавајќи пријатен простор за одмор, релаксација и секојдневно уживање.

Се издвојува со своето впечатливо аголно заглавје, составено од меки, тапацирани сегменти, кои обезбедуваат удобна потпора и му даваат посебен карактер на просторот. Благодарение на дизајнот со странична потпора, креветот може да се користи и како удобно катче за седење, читање или дружење.

Карактеристики:

  • Модерен дизајн, идеален за детска или тинејџерска соба
  • Аголно тапацирано заглавје со меки декоративни сегменти
  • Латофлекс со механизам за подигнување
  • Практичен простор за складирање под душекот
  • Масивна и стабилна конструкција со максимална поддршка на латофлексот
  • 10 години гаранција

надворешни димензии 110 * 225 см.

Креветот доаѓа без душек!

Кревет SHELL 120*200 Експонат

Original price was: 47.190,00 ден.Current price is: 42.471,00 ден.

Инспириран од елегантната форма на школка, овој уникатен тапациран кревет внесува нежност, софистицираност и посебен шарм во секоја спална или детска соба.

Неговото впечатливо, декоративно заглавје и меката текстура создаваат совршена комбинација на луксузен изглед и удобност.

✔️ Димензија за душек: 120 × 200 cm

✔️ Мек и квалитетен материјал

✔️ Латофлекс со механизам за подигнување

✔️ Практичен простор за складирање под душекот

✔️ Цврста и стабилна конструкција

✔️ 10 години гаранција

Надворешни димензии на рамка 135*220 см. Димензија на заглавјето: ширина 157 см, висина 124 см.

Креветот доаѓа БЕЗ ДУШЕК!

Кревет TOSKA Експонат 180*200

Original price was: 123.000,00 ден.Current price is: 110.700,00 ден.

Совршен спој на луксуз, современ дизајн и максимална удобност. Овој елегантен кревет се издвојува со своето впечатливо, високо заглавје, составено од меки, волуменозни тапацирани сегменти кои создаваат уникатен декоративен ефект.

Изработен во бел букле материјал, кој се одликува со богата текстура, мекост и софистициран изглед. Нежната бела боја внесува свежина, светлина и чувство на луксуз во спалната соба, додека внимателно обликуваните детали му даваат посебен карактер на целиот простор.

Карактеристики:

  • Луксузен дизајн со високо, декоративно тапацирано заглавје
  • Квалитетен букле материјал во елегантна бела боја
  • Мека и богата текстура со префинет изглед
  • Латофлекс со механизам за подигнување
  • Простран простор за складирање под душекот
  • Масивна и стабилна конструкција со максимална поддршка на латофлексот
  • 10 години гаранција

Шриина на заглавје 300 см. Должина на креветот 225 см.

Кревет Valetta 160*200 Експонат

Original price was: 47.900,00 ден.Current price is: 43.110,00 ден.

Кревет Валета за душек 160*200, со надворешни димензии на рамката 175 * 220, димензија на заглавјето во ширина 185 см и висина 105 с, изработен во водоотпорен микрофибер во антрацит нијанса.

Креветот доаѓа со латофлекс на кревање и простор за складирање, без душек.

Кревет ЕМА 160*200 Експонат

Original price was: 47.850,00 ден.Current price is: 43.065,00 ден.

Совршен спој на модерен минимализам, луксуз и функционалност. Овој елегантен тапациран кревет се издвојува со своите чисти линии, широко и едноставно заглавје и масивна тапацирана рамка, кои му даваат современ и софистициран изглед.

Изработен во квалитетен букле материјал во неутрална беж нијанса, кој се одликува со богата релјефна текстура . Неговата природна боја и внимателно изработените детали внесуваат топлина, елеганција и чувство на луксуз во секоја спална соба.

Карактеристики:

  • Модерен, минималистички дизајн
  • Квалитетен букле материјал во неутрална песочна нијанса
  • Латофлекс со механизам за подигнување
  • Простран простор за складирање под душекот
  • Цврста и стабилна конструкција со максимална поддршка на латофлексот
  • 10 години гаранција

Надворешна димензија: 180 * 230 см , висина 100 см.

Креветот доаѓа без душек!

Кревет Карина III 180*200 Експонат

Original price was: 57.435,00 ден.Current price is: 51.691,50 ден.

Совршена комбинација на елеганција, удобност и функционалност. Овој тапациран кревет се издвојува со своето впечатливо високо заглавје, со дискретни вертикални декоративни линии и префинети детали кои му даваат модерен и луксузен изглед.

Изработен во нежна беж нијанса, со мек и пријатен материјал кој внесува топлина и софистицираност во спалната соба. Неговиот едноставен, но впечатлив дизајн овозможува лесно вклопување во различни стилови на ентериер.

Карактеристики:

  • Високо тапацирано заглавје со елегантни вертикални декоративни панели
  • Квалитетен и мек материјал во беж нијанса
  • Латофлекс со механизам за подигнување
  • Простран простор за складирање под душекот
  • Масивна и стабилна конструкција со максимална поддршка на латофлексот
  • 10 години гаранција

Надвошрени димензии 220*195, висина 125 см.

Креветот доаѓа БЕЗ ДУШЕК!

Кревет МОНА 180*200 Експонат

Original price was: 49.000,00 ден.Current price is: 44.100,00 ден.

Елегантен и функционален тапациран кревет кој совршено се вклопува во современо уредени спални соби. Неговиот минималистички дизајн се истакнува со високо, дводелно тапацирано заглавје, чисти линии и внимателно изработени детали.

Изработен во софистицирана песочна нијанса на штоф, која внесува топлина, смиреност и природна елеганција во просторот. Неутралниот тон овозможува лесно комбинирање со различни бои, материјали и стилови на уредување.

Карактеристики:

  • Модерен дизајн со тапацирано заглавје
  • Квалитетен и пријатен материјал во песочна нијанса
  • Латофлекс со механизам за подигнување
  • Простор за складирање под душекот
  • Цврста и стабилна конструкција за долготрајна употреба
  • 10 години гаранција

Надворешни димензии 215*195, висина 115 см.