CALA кревет за спална – Впечатлив, невообичаен и атрактивен.
Квалитетните материјали кои се користат и 10 годишната гаранција се показател дека овој лежај ќе можете да го користите со години и години. Можноста за избор на многу бои и материјали, остава место за креативноста на купувачот сам да одреди каков впечаток да остави избирајќи ја CALA. Пастелните тонови покажуваат нежност и романтика, темните тонови раскош и моќ, а смелите и интензивни нијанси покажуваат уметничка разиграност и младоликост.
Лежајот доаѓа со еластичен латофлекс кој овозможува удобност при користењето и одговара на сите типови на душеци. Исто така латофлексот овозможува циркулација на воздухот низ душекот и го заштитува од влага и скапување. Латофлекост доаѓа со механизам на кревање кој овозможува да ја искористите кутијата од лежајот за складирање предмети.
CALA кревет за спална може да се изработи во димензии по ваша желба, односно зависно од димензијата на душекот кој ќе го користите.
Стандардни димензии на душеци: 120 х 200, 140 х 200 , 160 х 200 , 180 х 200 , 200 х 200
Димензија на лежајот CALAза душек со димензија 160 х 200 изнесува 175 х 220, а заглавјето е со висина 125 сm, а доколку излегува од рамката стандната ширана е 233 см
| Кревет за душек: | 160*200, 180*200 |
|---|




