Гарнитура наменета за оние кои ги сакаат чистите линии, едноставноста во дизајнот, но и за оние кои имаат ограничен простор во домот. Малите димензии ја прават идеално место за помалите простории.
Конструкција: Чамово дрво, слоевит панел.
Потпора: Еластични вкрстени ластици направени од полипропулен и природен латекс.
Елементи: Перниците за седење и наслоните за рацете се исполнети со еколошка полиуретанска пена со различна цврстина и густина, обложена со полиестерска вата. Перниците за грб се исполнети со силиконски полиестерски влакна или со еколошка полиуретанска пена.
Тапацир: Кожа, микрофибер, мебел штоф или еко кожа. Перниците за седење, перниците за грб и наслоните за раце се фиксни. При модел со механизам за кревет перниците за седење се вадат.
Ногарки: Хромиран метал, висина 10 см, кај модел со механизам за кревет – 5 см.
Достапни модели: Тросед, двосед, фотелја, тросед со кревет.